Над илјада припадници на МВР ќе земат поголема февруарската плата

|

Над 1000 припадници на МВР за месец јануари ќе земат надомест за домашно дежурство, пишува на својот фејсбук профил министерот за внатрешни работи кој посочува дека вкупно на 1008 припадници на МВР ќе им се исплатат 1.400.000 денари.

Минстерот посочува дека ова е постигната со новиот колективен договор помеѓу Министерството за внатрешни работи и репрезентативниот Македонски полициски синдикат па така Јануарската исплата ќе биде реализирана заедно со платата за месец февруари.

Министерот додава и дека: Квалитативно надградување на сите социјални и професионални, нормативни и други стандарди се неопходни за подобрување на условите на работа на вработените и дека Министерството ќе продолжи со создавањето на подобри услови за полицијата а со тоа и подобри услуги кон граѓаните.