Не брзаат да се пензионираат: Чистат улици за да бидат општествено корисни, а оние кои знаат странски јазици се особено барани

|

Во една од најдолговечните нации во светот, наместо да ја користат пензијата за патување, уживање и релаксација, многу Јапонци претпочитаат да ги користат своите вештини и знаење – и да се вратат на работа.

Велат дека тоа им помага да останат во психофизичка форма, па Ацуко Каса (68) нема намера да запре. Таа работи во центарот Силвер Џинзаи, во близина на нејзиниот дом во Јокохама, а нејзиниот план е да остане на таа работа што е можно подолго.

Каса смета дека сè уште е „млада“ за да се пензионира, а од друга страна сака и да им помага на другите. Некогаш работела во финансии, како дел од козметичка компанија, а сега наместо да ја уредува градината, да се дружи или да поминува повеќе време со внуците, таа повторно оди на работа.

Сепак, не некогаш не станува збор за задоволство. За некои Јапонци тоа секако значи дополнителен приход, пензија. Друг мотив е дека сакаат да „бидат корисни за општеството“.

Каса, инаку, работи во група за поддршка на лицата со посебни потреби во Јокохама, а помага и во подготовката на храната во кафуле.

Иако е речиси на 70-годишна возраст, таа вели дека сака да се соочи со предизвиците што ги немала досега.

Интересно е што многу Јапонци по пензионирањето бараат работа во областа на дизајнот, а помагаат и во собирањето отпад по улиците. Оние кои знаат странски јазици се особено барани.

Во оваа земја, како и во многу други, има значителен недостиг од работници, па тоа е уште една причина зошто работодавачите вработуваат постари граѓани, подготвени за работа.

Јапонската влада во април ја подигна задолжителната возраст за пензионирање од 65 на 70 години, иако аналитичарите сугерираат дека е можно Јапонија да се соочи со недостиг од околу шест милиони работници до 2030 година.