Нафтата на светските берзи достигна 106 долари: Не чека ли ново зголемување на горивата?

|

Цените на нафтата денеска на меѓународните пазари се искачија до 106 долари, бидејќи најавите за координирана продажба на нафта од стратешките резерви не ги ублажија стравувањата од прекини во снабдувањето поради ситуацијата во светот и санкциите против Моск ва.

Цената на барел нафта со датум на испорака во мај на лондонскиот пазар порасна за 7,83 долари во однос на претходното затворање, на 105,8 долари.

На американскиот пазар со барели се тргуваше во договори со рок на испорака во април за 8,27 долари повисоки, на 103,99 долари. Пазарите внимателно ја следат ситуацијата во светот.

Економската изолација на Рус ија денеска се продлабочи откако големата логистичка компанија „Маерск“ објави дека ќе го прекине контејнерскиот сообраќај со Рус ија. Велика Британија им забрани влез во нивните пристаништа на сите бродови кои на кој било начин се поврзани со истата земја.