|
Мајкл Китон бил во тоалетите кога бил прогласен за добитник на наградата на Здружението на актери Screen Actors Guild („САГ“) во неделата вечерта.
70-годишниот актер освои награда во категоријата Извонредната изведба на машки актер во телевизиски филм или лимитирана серија за улогата во „Dopesick“ како доктор Семјуел Финикс, но ја задржа водителката Сeлма Хаек (55) да чека додека не се појави на сцената.
Актерката од „Куќата Гучи“ најави: „И наградата оди кај Мајкл Китон, Dopesick“.
Публиката чекаше неколку минути додека Китон не се појави на сцената.
Селма се пошегува: “Дали ме зафркаваш? Имам страв од сцената. Ајде Мајкл! Ајде Мајкл!”
Мајкл тогаш излезе, и рече дека причина за доцнењето е зафатениот машки тоалет.