Денес точно во 18.35 е важен астролошкиот аспект, односно доаѓа младата Месечина во водениот знак Риби.
Иако сите мислат дека доаѓа некаква опа сност при споменувањето на младата месечина, оваа кај Рибите со себе носи позитивна енергија, која ќе ни донесе оптимизам и остварување на соништата.
Младата месечина во Риби ќе направи аспект со Јупитер и Сонцето во истиот знак, па ќе донесе позитивна магија на околностите и исполнување на желбите.
Младата месечина во Риби најсилно ќе влијае на 3 хороскопски знаци. Сепак, сите хороскопски знаци ќе го почувствуваат позитивниот ефект од овој аспект.
Ова е можност да се ослободиме од минатото и да се движиме кон остварување на нашите фантазии. Астролозите сугерираат дека новата Месечина во Риби ќе биде важна на глобално ниво бидејќи ќе ги зближи луѓето за општото добро и некоја цел.
РИБИ – Оваа млада Месечина е исклучително важна за вас бидејќи носи лична промена која ќе ви го промени животот на подобро. Тоа е можност да го остварите вашиот сон, па добрата вест сигурно ќе ја слушнете на 2 март!
РАК – За вас младата месечина е позитивен аспект кој носи напредок, учење на нови работи. Она што е интересно е што ќе слушнете за нова можност за патување. Во исто време, Месечината прави аспект со Сонцето, па ќе имате прилив на пари.
СКОПРИЈА – Време е да се заљубите. Сите тие романтични чувства кои сте ги потиснале во претходниот период ќе ве обземат, па ќе бидете емотивни. Очекувајте ново познанство на јавно место.