Среќата има возбудливи и непредвидливи патишта, а во месец февруари во рок од две недели освоен е и вториот „Супер милионер џекпот“. Најновиот добитник, Ф.Л. се израдува на џекпот вреден 9.544.051 денар, во саботата на 26 февруари, во просториите на „Спортлајф“ во Топанско поле.
– Неговата возбуда траела со денови, бидејќи и кога дојде во просториите на Видеолотарија Касинос Австрија, сè уште таа преовладуваше во неговите емоции. Тој раскажа дека нема некоја омилена игра, која обично му носи среќа, но и дека овој пат имал некакво претчувство оти ќе се случи нешто големо – велат од компанијата.
Толку се израдувал на „Супер милионер-от“, што не ги ни доиграл остатокот од парите вложени во видеолотарискиот апарат, туку им ги оставил на пријателите да ги доиграат. Сега на ред е уживањето во најпосакуваната добивка во Македонија, а првичниот план му е да си купи автомобил.
Ова е четврт „Супер милионер џекпот“ и вкупно 21. во, речиси, 12-месечното постоење на највозбудливата добивка во Македонија, која и понатаму ќе продолжи да ги радува играчите со добивки од 8.000.000 до 12.000.000 денари.