НАЈАВА ЗА НОВ ВЛАЖЕН И СТУДЕН БРАН КОЈ СО СЕБЕ НОСИ ДОЖД И СНЕГ – ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПОД ПРОСЕКОТ

|

До крајот на денов, како и утре времето во Македонија ќе биде претежно стабилно и суво, односно променливо облачно со сончеви периоди. Подолги сончеви периоди се очекуваат утре. Особено денес ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени, додека до утре наутро истите речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -9 до 0 степени, додека на планинските места истите се очекува да се спуштат дури и под -10 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 6 степени. Подолги сончеви периоди во Скопје исто така се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Потоа од петок попладне и навечер следува период на променливо облачно време, на повеќе места со повремени врнежи од дожд и снег на ниските, и снег на повисоките места и на планините. Повремено врнежи само од снег ќе има и на некои пониски места. Поинтензивни врнежи ќе има во сабота особено во попладневните и во вечерните часови, како и во текот на ноќта кон недела.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени, додека пад на истите се очекува за време на викендот, кога ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 6 степени. Минималните температури пак и понатаму на повеќе места ќе се спуштаат под нулата.

НАПОМЕНА: Температурите на воздухот кој се очекуваат во следниот период ќе бидат под повеќе годишниот просек, односно ќе биде постудено од вообичаеното.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki