Овен
Во текот на целата работна недела го имавте оној „грч“ во стомакот. Очекувавте некој настан кој ќе донесе тектонски промени во вашиот живот. Опуштете се, сѐ се случува кога ќе дојде време. Викендот посветете си го на себе.
Бик
Се завршува работната недела и вие ги сумирате впечатоците. Имаше од сѐ по нешто, од успешни деловни состаноци до љубовни понуди. Секако една возбудлива недела. За деновите од викендот очекувајте продолжување на љубовните случувања.
Близнаци
Деновите зад вас ви донесоа стрес кога се во прашање вашите финансии. Мудро размислете дали е паметно да зимате кредит или да се позајмувате.
Рак
Љубовната ситуација полека се смирува. Работната недела беше стресна што се одразува на љубовниот живот. За викенд прегрнете го партнерот и уживајте со него.
Лав
Полека ја сумирате работната недела и кога ќе ја повлечете линијата ќе бидете задоволни. Опуштете се во љубовта, мислите дека љубовта се подразбира. Не е така. За викенд посветете му се на партнерот.
Девица
Сите деловни обврски ги имате завршено перфектно со прецизна работа и заложување. Имате чувства на задолство и среќа кои ќе ве преплават овој викенд. Во тој дух ќе ги поминете овие два дена.
Вага
Вие сте во полн сјај. Енергија, љубов, работа, сѐ е совршено. Меѓутоа во вас се буди вашиот брат близнак и склони сте кон флерт, не за да изневерите, туку заради лично задоволство што може да донесе сериозна кавга за време на викендот.
Шкорпија
Интуицијата ви е многу изразена и свесни сте дека на работа владее лоша атмосфера полна со интриги и озборувања. Викендите посветете ги на психата и одморете се.
Стрелец
Вашата енергија е насочена на патувања и одмор. Сега само за тоа размислувате. За викенд посетете ги туристичките агенции и полека подготвувајте се за патување.
Јарец
Љубовните средби со личност од минатото ви ја одбележаа работната недела. Премногу мисли, чувства и планови ви поминуваат низ глава. За деновите од викендот соберете ги впечатоците и направете план за вашиот љубовен живот.
Водолија
Реализацијата на деловните идеи совршено помина. Вие сте воодушевени и продолжувате со работа и за викенд.
Риби
Вашите мисли се насочени на вашата финансиска независност. Чувствувате дека сега е вистинско време да тргнете напред. И така е. Викендот е идеално време да направите финансиски план.