|
Елена Миленковска и Гуте Маринковиќ кои се запознаа во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ објавија радосна вест. Имено, Елена и Гуте по втор пат ќе станат родители.
„Отсекогаш сонував за големо семејство, скромен дом исполнет со многу љубов. Затоа сум благодарна за овој подарок! Ќе станеме родители по втор пат, а Максо ќе добие братче или сестричка. Бебе, едвај те чекаме. Те сакаат мама, тато и бато„ – напиша на својот Инстаграм пресреќната пејачка, сликана во прегратките на својот сопруг, држејќи го во рацете резултатот од ехо прегледот која ја потврдува нејзината бременост.