Биографскиот филм за Мадона, во кој учествува и самата пејачка, има автобиографско сценарио, бидејќи незаменливата Мадона не можела да го препушти пишувањето за себе на некој друг. Борбата меѓу актерките за улогата наводно трае веќе подолго време, а меѓу кандидатите се Џулија Гарнер, Флоренс Пју, Алекса Деми, Одеса Јанг и Ема Леирд.
Кандидатите наводно не само што минуваат низ аудиција, туку и напорни подготовки кои траат по 11 часа со кореографот на Мадона. Заедно со танцот имаат и подготовки со самата пејачка во кои има читање и пеење.
Филмот беше најавен во 2020 година, а студиото Универзал се уште нема дадено зелено светло да започне со реализација на целиот проект. Пред да се одобри снимката, се избира главната улога, буџетот и конечното сценарио.
Сцените од богатата кариера на Мадона бараат голема психичка и физичка подготовка, па главната актерка ќе тренира со месеци за да биде подготвена за напорно снимање.
Самата Мадона објави неколку фотографии на кои работи на сценариото, а се уште не е јасно кога треба да започне снимањето.