Данијела Мартинови се огласи на својот Инстаграм во пресрет на нејзиниот концерт во Загреб, каде по три години повторно ќе пее.
Пејачката Данијела Мартиновиќ одбројува до својот голем концерт „Отворено срце“ во Загреб и не крие колку со нетрпение го очекува.
Данијела по три години повторно ќе пее пред преполната концертна сала на Денот на жената, бидејќи сите билети се веќе распродадени, а со овој концерт ќе бидат одбележани 30 години од нејзината музичка кариера.
Во пресрет на концертот таа се огласи на социјалните мрежи и ја сподели својата возбуда.
„Подготвени, неизмерно среќни.Уште малку! Ви благодарам на сите што се јавувате од сите страни затоа што би сакале да бидете дел од оваа бајка, за жал навистина немаме ниту едно слободно место, но ветувам . .. Ќе се вратам кај вас!“, изјавила Данијела на Инстаграм, а во коментарите ја контактирале бројни обожаватели кои навреме си ги купиле билетите и и порачале дека и тие со нетрпение го очекуваат концертот.
Да потсетиме, Данијела својата кариера ја започна како пејачка на групата Магазин, која ја напушти во 90-тите и оттогаш успешно плива во соло води.