Неделен хороскоп 07.03.2022 до 13.03.2022

|

Овен (21.03 – 20.04)

РАБОТА: Во принцип сакате да ја менувате работата, но се уште не ви се прикажала добра прилика за тоа.

ЉУБОВ: Овој период ви е одличен за склопување на брак или почеток на заеднички живот со саканото лице.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со мочниот меур или бубрезите.

Бик (21.04 – 21.05)

РАБОТА: Ве очекува поволен период во кој можете да дојдете до некои пари од наследство или отштета.

ЉУБОВ: На полето за љубов ќе чувствувате магнетна привлечност со една Шкорпија.

ЗДРАВЈЕ: Ќе бидете полни со сила и енергија.

Близнаци (22.05 – 22.06)

РАБОТА: Ве очекува неповолен период во кој нема да можете да остварите баш се што сакате.

ЉУБОВ: Заљубени сте во личност на која од некоја причина морате да чекате.

ЗДРАВЈЕ: Можен проблем со зголемен крвен притисок, нервоза, главоболка…

Рак (22.06 – 22.07)

РАБОТА: Доколку се занимавате со приватна работа ви следи напредок, во спротивно ќе имате некоја тензија на работа.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта не некој начин станувате инертни и пасивни.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со органите за варење.

Лав (23.07 – 22.08)

РАБОТА: Имате многу среќа сега и се што ќе допрете може да се претвори во злато.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта ве очекува почеток на нова врска која не само што ќе биде страстна туку и емотивна.

ЗДРАВЈЕ: Ќе бидете полни со енергија.

Девица (23.08 – 22.09)

РАБОТА: Пред вас е неповолна фаза па чувајте се од можни загуби на работа.

ЉУБОВ: На полето за љубов имате проблеми во комуникацијата со партнерот и некако не можете се отворено да му кажете.

ЗДРАВЈЕ: Можни тешкотии со дишните патишта, синусите, појава на секрет и сл.

Вага (23.09 – 22.10)

РАБОТА: Доколку преземете иницијатива можете да очекувате дека на полето за работа се ќе биде добро.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта ве очекува вистинско уживање и многу романтика со саканото лице.

ЗДРАВЈЕ: Можни здравствени проблеми главно поради заморот.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

РАБОТА: Ве очекува значително финансиско подобрување и задоволни сте бидејќи сами сте заслужни за тоа.

ЉУБОВ: На полето за љубов ве очекува неизвесна ситуација со еден Овен кој ви се допаѓа.

ЗДРАВЈЕ: Можна вирусна или бактериска инфекција.

Стрелец (22.11 – 21.12)

РАБОТА: Можете да очекувате поволен период во кој нема да имате премногу работа, па доста ќе одморате.

ЉУБОВ: На љубовен план ве очекува интересен флерт со лице од странство.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

Јарец (22.12 – 20.01)

РАБОТА: Се чувствувате добро во деловното опкружување и имате доверба во своите соработници кои ви се наклонети.

ЉУБОВ: На полето за љубов засега нема сериозна врска на видик.

ЗДРАВЈЕ: Добар период за саканата естетска интервенција.

Водолија (21.01 – 19.02)

РАБОТА: Сите правни или судски прашања ќе ги решавате многу добро. Можете да очекувате одличен период.

ЉУБОВ: На полето за љубов ве очекува повеќе од едно познанство, со Шкорпија и Рак.

ЗДРАВЈЕ: Поведете сметка за холестеролот.

Риби (20.02 – 20.03)

РАБОТА: Ве очекува одличен однос со надредените како и шанса да дојдете до значително унапредување.

ЉУБОВ: Љубовната ситуација ви е генерално добра и стабилна и убаво се сложувате со својот партнер.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.