Трговците предлагаат да се ограничи заработката само за овие два производа

|

Трговците на мало и големо сметаат дека ако Владата навистина сака да го заштити стандардот на граѓаните, тогаш најкорисно би било мерките со замрзнување на маржата да бидат насочени само за неколку основни производи.

Ако ова не биде прифатено, трговците на мало најавуваат дека ќе бидат принудени одредени производи во наредниот период да ги откажат, а нивниот недостатокот веќе може да се забележи.

Трговците понудија конкретна листа.

Според трговците на мало и големо основните производи за заштита на стандардот на граѓаните со определена маржа се:

јајца од кокошка, брашно пченично тип 400, сончогледово масло за јадење (без ладно цедено), бел шеќер, ориз бел (без интегрален и бланширан, останати видови долго зрно, јасмин…), тестенини (само шпагети и макарони од мека и дурум пченица, без свежи тестенини, интегрални, пченкарни, био и безглутенски), млеко кравјо УХТ 2,8%, 3,2% и 3,5% (да се исклучи овчо, козјо), сирење бело кравјо (овчо, козјо, мешано, сите останати специјални видови сирења, растителни сирења – да се исклучат од листата), урда кравја, свежо месо – пилешко, свинско, јунешко само ќебап, плескавица, смеса , колбас, ребра (да се исклучат од листа ексклузивни видови преработки од типот блек ангус, млечно телешко, обработено месо да биде исклучено од листата), салама – посебна и паризер од свинско, пилешко, говедско месо (да се исклучи целокупниот димен и траен програм на сувомесни преработки), виршла – пилешка, свинска, јунешка, колбас – пилешки, свински, говедски, кај свежо месо да се признае дозволеното кало од 15-16%, леб бел и полубел – цел и сецкан (да се исклучат сите останати лебови, интегрални, ржани, специјални лебови, миксови), овошје – јаболка сите сорти, зеленчук – компир, кромид, зелка, краставица, домат…

Кај овошјето и зеленчукот да се признае законски дозволеното кало +15% маржа.

Од 1 март, според одлуката на Владата, се определува највисоката трговска маржа до 5 % на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно до 10 % на продажната цена во трговија на мало.

Трговците бараат итна средба со министерот за економија и прифаќање на нивната листа. Тие исто така бараат висината на маржата да биде ограничена на 20 % во трговијата на мало и 10 % за трговците на големо.