|
Популарната поп-пејачка Каролина Гочева е позната по тоа што не обожува јавно да зборува за својот приватен живот. Таа на 23 септември 2017 година се омажи за шест години помладиот сликар Михаил Корубин, а како што самата изјави тие се запознале за време на снимањето на насловната песна од нејзиниот албум „Извор“.
Екипата на магазинот „Бекстејџ“ деновиве го посети нејзиното родно место, градот Битола, па за прв пат имавме можност да ја видиме куќата каде Гочева пораснала, а и денес се враќа и поминува време со своите родители, сестрата и внуките Инес и Луција кои и се особено драги.
Каролина е родена во Битола во 1980-тата година, а денес живее и работи во Скопје.