Најдобри се за пушачи: Намирници кои го исфрлаат никотинот од организмот

|

Секој е свесен за негативното влијание на цигарите и никотинот врз организмот. Ако сте престанале да пушите или пак сте страстен пушач, најбрзиот начин да го исчистите телото од никотин е со овие намирници.

Спанаќ

Содржи фолна киселина која е многу важна за нормална работа и развој на телото, а исто така помага телото да се ослободи од никотин.

Брокула, карфиол, прокељ и зелка

Освен што овој зеленчук содржи полифеноли кои се покажаа корисни во намалување на рани воспаленија во системот за варење, исто така содржат и антиоксиданси кои го чистат телото од токсини. Варете ги што пократко за да ги сочувате минералите и витамините во нив

Зелен чај

Со пушењето цигари телото ја губи потребната течност и организмот многу побрзо доаѓа до состојба на дехидрација. Пиењето големи количини домашна витаминска вода која лесно може да си ја направите сами и зелен чај преполн антиоксиданси помага во чистењето на организмот од никотин.

Морков

Никотинот ја уништува кожата и ја прави безживотна и сува. Ако сакате да се ослободите од оваа непријатна нуспојава јадете што повеќе моркови. Содржат големи количини витамини А, К, Ц и Б кои се главни чистачи на телото. Морковот исцедете го и измешајте го со сок од јаболко или лимон, може да го употребите и во салати.

Киви, лимон и портокал

Освен вода, никотинот од телото исфрла и витамини како А, Ц и Е кои го подобрува