Таа беше големата љубов на Здравко Чолиќ – Cамо еднаш проговори за него, а тој и го посвети овој голем хит

ИЗВОРНов Лист
|

Здравко Чолиќ беше и се уште е еден од најголемите заводници на поранешна Југославија.

Здравко 18 години е во хармоничен брак со сопругата Александра, но многу познати дами лудуваа по него, а една од нив е актерка.

Пејачот за својата поранешна љубов – актерката Јасна Орнела Бери, ретко зборуваше во јавноста. Двајцата млади се заљубиле еден во друг во Сараево, а деталите од нивната врска еднаш ги открила Јасна.

– Дел од моето срце секогаш ќе биде резервиран за него – изјави Јасна во една емисија.

– Се сретнавме за прв пат по војната во Белград, тоа беше многу трогателна средба која никогаш нема да ја заборавам. Тој е фасцинантна личност и успешно ја одржува својата харизма и денес. Пред се, тој е добар човек. Чола ја посвети песната “Noć mi te duguje”, која сам ја напиша.

– Не можам да кажам дека се забавувавме или бевме во врска. Тоа е посебен однос, кој продолжува и денес. Сè уште е љубов што не можете да ја помилувате и да се држите за рака. Здравко секогаш ќе остане сечиј и ничиј – истакна Јасна.