Комисијата за заразни болести со нов предлог, од денеска без сертификат за влез во моловите

|

Од денеска документот за прележана зараза ќе важи 180 дена, а за влез во моловите не треба приложување на сертификат за примени дози. Владата на вчерашната седница конечно ги усвои препораките на Комисијата за заразни болести кои со објавувањето во Службен весник стапија на сила. Согласно владината одлука на работа се враќаат и трудниците, а официјално е укинато и барањето за имунизационен статус или негативен ПЦР при излез од земјата.

А, денеска иако сите очекуваа предлог за паѓање на маските, советодавното тело на министерот за здравство состанокот го заврши без никакви предлози. По анализирање на актуелната состојба одлучиле да направат нова методологија за следење на епиде*иолошкиот ризик согласно што ќе одлучуваат за кои протоколи и мерки ќе биде потребно олабавување. Учениците остануваат со маски на часовите и покрај драстичното намалување на бројот на заразени кај детската популација.

–  Согласно овие параметри за број на новодијагностицирани во 7 дена, отпровареност во здравствените капацитети и врз основа на тоа ќе се новат и одлуки за олабавување, изјави Злате Мехмедовиќ, портпарол на КЗБ

Министерот за образование, вели, тие и да побараат укинување на задолжителното носење на маски во училишата, сепак, за тоа одлучува Комисијата.

–  Кога Комисијата за заразни болести ќе препорача дека учениците не треба да носат заштитни маски во училиштата тогаш МОН тоа ќе го прифати, изјави Јетон Шаќири, министер за образование.

Инаку скринингот што беше спроведен во училишата на нешто повеќе од 2200 ученици покажа дека само 0,8 проценти се асимптоматски а според последниот извештај на ИЈЗ најголемо намалување на заразени има кај децата од 0-9 години.

Во меѓувреме и студентите остануваат онлајн бидејќи и покрај предлогот на Комисијата за заразни болести од 15 февруари да одат на предавања со физичко присуство, оваа препорака не се најде на владина седница.