Ни доаѓа празникот „Младенци“ – Младите брачни парови не треба на ова да заборават

|

Празникот на пролетта – 22 март, младите брачни парови го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината.

Именден тогаш празнуваат: Младен, Младенка…

Христијански обичај е во првата година од својот брак на 22 март младите да слават Младенци. На тој ден, во црква се носат свеќите од венчавката за да се дoгopaт.

Навечер обично доаѓаат најблиските за да честитаат. Во некои краишта на тој ден се оди на гости и во семејствата кои имаат новороденче.