Ново драстично поскапување на горивата – ова се цените

|

Регулаторната комисија за енергетика доцна синоќа ги објави новите цени на горивата, согласно последната одлука.

Најголемо поскапување, како и во понеделникот, има кај дизел-горивото, кое од полноќ се продава за осум и пол денари повеќе по литар (95 денари).

Еве ги новите цени на дериватите:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 93,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 95,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 94,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 90,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 59,165 (денари/килограм).

– Донесовме одлука со која ја намаливме трговската маржа за 33 отсто на сите трговците со нафтени деривати. Ова е единствен механизам кој на РКЕ му стои на располагање. И сега го активираме затоа што ова се вонредни услови, и мора сите да покажат солидарност. На овој начин, во крајната цена влијаеме делумно да се амортизира огромниот пораст. Дополнително олеснување врз притисокот на крајната цена ќе бидат и најавените измени во делот на ДДВ и акциза, кои апелираме побрзо да се донесе.