Канје Вест сигурно слушнал за српската пејачка затоа што странските медиуми пред неколку години брмчеа дека неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан го копира нејзиниот стил на облекување.
Познатиот американски рапер Канје Вест на Инстаграм ја следеше контроверзната српска пејачка Јелена Карлеуша, која светските медиуми претходно ја споредуваа со неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан поради нејзиниот препознатлив моден стил.
Оваа вест не ја пропуштија бројните фанови на раперот кои од ден на ден го следат секој детал од неговиот живот.
По многу познати личности од шоу-бизнисот, Карлеуша може да се пофали и со тоа што сега друштво и прави една од најголемите светски ѕвезди во моментов.
Имено, Карлеуша не го следеше Је на Инстаграм, но откако дојде нејзиното барање, таа одговори.
Карлеуша изјавила дека не и пречело што славната старлета ја копира, туку дека е почестена, додека Ким на блог посветен на пејачката напишала дека првпат слуша за неа.
– Првпат слушнав за неа кога луѓето почнаа да ни го споредуваат изгледот – некои дури рекоа дека сум ја копиралa. Затоа морав да ја „проверам“. Таа се однесува како силна жена која сака да работи и тоа е она што го сакам. Таа ја стекна мојата почит – напишала тогаш Ким.