Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со повремени локални врнежи од снег. Врнежите повеќе ќе бидат застапени во западните предели, а ќе и дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 7 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со повремени послаби врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 4 степени.
Според Попоски до самиот крај на оваа недела времето ќе се задржи промелниво облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со сончеви периоди. Особено во текот на утрешниот ден ќе има услови за сосема слабо и локално провејување на снег, а ќе дува и умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Што се однесува до температурите, минималните насекаде ќе се спуштаат под нулата и истите понекаде ќе се спуштат дури до околу -15 степени. Доста ниски ќе останат и максималните дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 6 степени.
Постепено затоплување на времето и пораст на максималните температури се очекува во првите денови од следната недела.