Падна цената на нафтата

|

На берзите нафтата поевтини за дури 13 oтсто. Суровата брент-нафта изнесува 111 долари за барел.

Ваков пад немало цели две години. Обединетите Арапски Емирати, соопштија дека ќе го зголемат производството на нафта. Снабдувањето од ОПЕК би можело да компензира за некои недостатоци во снабдувањето создадени од нарушување на продажбата на нафта од Рус ија поради економските санкции.

САД бараат од компаниите поголемо производство на нафта и гас.

Нафтениот картел OПЕК+ се среќава секој месец за да го разгледа договорот за зголемување на производството за 400.000 барели дневно.