|
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 135 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 37 санкции, пет санкции за возење под дејство на ал*о хол, 14 мерки за возење без возачка дозвола.
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 41 за непрописно паркирање…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.