Пејачот Здравко Чолиќ ужива во хармоничен брак со сопругата Александра со која има две ќерки Уна и Лара.
Здравко Чолиќ е човек за кој нема скандали , ужива во среќен брак, а сега откриваме когo сакал во старите седумдесетти. Станува збор за познатата актерка Јасна Орнели Бери.
Двајцата започнале врска, а сведоците од тоа време велат дека љубовта била многу голема и искрена.
Актерката со децении не зборуваше на оваа тема, се до неодамна, кога се огласи 47 години подоцна.
– Се запознавме многу млади, многу одамна. Отидовме во Скендерија, во Домот на млади, кој собираше таленти, а имаше не само музичари туку и актери, сликари. Се дружевме и таму се заљубив за прв пат. Сите ние имаме прва љубов и секогаш ќе имам еден дел во моето срце кој е резервиран само за него. Особено затоа што имав едно прекрасно искуство кое ќе го паметам цел живот.
Двајцата се разделиле како пријатели и не се виделе долги години, додека не се сретнале случајно во Белград.