Утре од 18 до 20 часот улицата Благој Ѓорев, во Велес поточно кружниот тек кај Авона ќе биде блокиран поради протест, пишува велесденес.
Протестот ќе се одржи со цел да се изрази револтот за огромното покачување на горивата и нафтените деривати.
Министерот за економија Крешник Бектеши смета дека од понеделник цените на нафетните деривати ќе се намалат.
-Може да биде малку поскапо од Србија, од другите не верувам дека е поскап и дизелот. Денеска во Собрание најверојатно би требало да се усвои законот за ДДВ и законот за акцизи, а имајќи ги предвид и вчерашните цени на берзата и цената пред два дена, очекувам согласно анализите од утре, а многу е важно да се наведе дека веќе од понеделник ќе имаме не поевтини цени од регионот, но значително поевтини цени, истакна Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања.