До крајот на денов времето во Македонија ќе биде променливо облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со сончеви периоди. Локално ќе провејува слаб снег, а ќе дува и умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 8 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и СТУДЕНО со сончеви периоди и со услови за локално провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 3 степени.
Инаку како што најавивме за време на викендот времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно и понатаму НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со сончеви периоди, подолги во недела. Утре сеуште ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец.
Минималните температури насекаде ќе се спуштаат под нулата и истите понекаде ќе се спуштат до околу -15 степени. Максималните дневни пак исто така ќе бидат МНОГУ НИСКИ и ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 7 степени.
Постепен пораст на температурите ќе има од понеделник па натаму, кога и времето ќе биде претежно сончево.
И во Скопскиот регин викендов времето ќе биде променливо облачно и СТУДЕНО со сончеви периоди. Утре сеуште ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -7 и -5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 3 и 5 степени. Постепен пораст на температурите исто така ќе има од понеделник па натаму, кога и времето ќе биде претежно сончево.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki