Грчките крофни кои се нарекуваат лукумадес се рецептот кој речиси и да нема кој, а да не го обожува. Во продолжение ги претставуваме рецепт со кој истите ќе може да си ги направите и дома:
Потребни состојки:
За крофни:
– 1 шолја (240 милилитри) млака вода; – ½ шолја млако бадемово млеко (може да искористите и обично кравјо млеко); – 2 шолји бело брашно; – 1 ќесичка сув квасец; – Прстофат сол; – 1 лажица масло за јадење + масло за пржење.
За сервирање:
Шеќер, мед, цимет, јаткасти плодови (сечкани или мелени), шеќер во прав.
Подготовка:
Измешајте ги сувите состојки, вклучувајќи го и квасецот. Потоа додадете ја млаката вода и млекото и добро помешајте ги состојките додека не добиете течна смеса налик на тесто за палачинки.
Покријте го тестото со фолија и оставете еден час да отстои.
Кога тестото ќе биде готово, во подлабок сад ставете масло за јадење и загрејте го. Кога маслото добро ќе се загрее, во него ставете по една лажичка од смесата.
Пржете по околу четири крофнички одеднаш додека не заруменат, а потоа ставајте ги на хартија за да се процедат од маснотијата.
Крофните прелијте ги со мед, цимет и мелени јаткасти плодови или пак со шеќер во прав.
Пријатно јадење!