|
За само неколку минути ќе подготвите омлет кој ќе ве држи сити долго време.
Состојки:
3 јајца вегета сол малку вода половина лажичка брашно спанаќ 100 гр сецкана сланина маслиново масло.
Подготовки:
Во сад добро изматете ги јајцата. Потоа додајте им малку вода, потоа малку сол и вегета, а потоа постепено додавајте половина лажичка брашно. Кога ќе го споите сето ова, во јајцата додадете сецкан спанаќ.
Ставете тава и малку маслиново масло на оган. После тоа, пржете ја сецканата сланина додека не остане сочна. Прелијте со јајцата. Кога едната страна ќе се испече, превртете ги и испржете ја другата до саканата состојба.