Хороскопски знаци на кои можете да им го доверите и својот живот

|

Верни, искрени и доверливи – тоа се трите основни одлики на овие хороскопски знаци, и секој би ги посакал покрај себе.

Дали некогаш сте се се запрашале дали е можно врз основа на хороскопот да се заклучите дали треба да и се доверите на некоја личност или не? Ако да, ви откриваме на кои знаци од астролошки аспект можете да му го доверите дури и својот живот и тие никогаш нема да ве изневерат.

Шкорпија


Шкорпиите на се гледаат црно-бело, и со самото тоа ако сте им кажале нешто во доверба, можете да бидете 100% сигурни дека тајната ќе ја чуваат подобро дури и од вас самите. Интроспективна, тивка и таинствена, Шкорпијата никогаш нема сличајно да ја каже пред другите вашата тајна. Овој изразено воден знак пред се ќе фрли кон другите со трња и камења отколку да ја предаде вашата тајна. Ако некому треба да му ги доверите и најинтимните нешта, тогаш тоа е секако Шкорпија.

Риби


Не се вели за џабе – молчи како Риба. Тие се такви, тивки, повлечени и способни да чуваат тајни. Чувствителни се и тоа ги наведува да постапуваат со вашата тајна како со драгоценост. Околу неа ќе подигнат голема тврдина и со години ќе ја чуваат верно како нешто кое им е поверено. Тие се добри слушатели и советници така што во тој поглед можете да му ги доверите и своите најинтимни тајни.

Лав


Лавовите се едни од најверните знаци во Зодијакот. Верни се и нивните искрени пријатели секогаш можат да рачунаат на нивната дискреција. Лавовите до некаде се погрешно етикетирани како личности опседнати сами со себе, додека всушност се свесни за себе и своите квалитети и во склад со тоа ги вреднуваат своите пријатели. Ако сте нивен пријател значи дека сте ценети и бидете сигурни дека вашите тајни ќе останат на сигурно, какви и да се.