|
Денес е 10-ти ден откако баба Рада излегла од домот во Волково и се упатила во непознат правец.
Семејство упатува апел секој кој ќе ја види да ја информира полицијата или да ги контактира нив.
Нејзини фотографии се споделуваат и на социјалните мрежи.
Исто така активно се трага и по малиот 10-годишен Петар кој исчезна од селото Врпско, Мариово. На Петар му се губи секаква трага попладнето, по 16 часот, на 25 феруари, од дворот на селската куќа.
Засега прегледан е шумскиот предел, пештерите, како и реката во близина но нема никаква трага од малиот Петар.