Откако фолк дивата Јелена Карлеуша (43) на Инстаграм ја заследи поранешниот сопруг на старлетата Ким Кардашијан (41), Канје Вест (44), кој сега се претставува како Је, таа веднаш го почести со провокативни фотографии на кои не носи ништо освен белите патики на раперскиот бренд Yezzy.
Покажала и дека слуша една негова песна, по што го заследила на социјалната мрежа.
Инаку, Кање првпат слушна за ЈК кога медиумите пред неколку години објавија дека Ким ја копира Јелена не само во комбинации на облека, туку и во фризура. Раперот беше виден за време на викендот, прво во Лос Анџелес, на кошаркарскиот натпревар на Лејкерс и Вашингтон Визардс, а следниот ден во Мајами, каде се натпреваруваа Мајами Хит и Тимбервулфс од Минесота. Во двете игри друштво му правеше девојката Чејни Џонс, која неодоливо наликува на Ким Кардашијан, која пак, на Инстаграм, по четири месеци тајна врска, официјално објави дека е со комичарот Пит Дејвидсон (28).