Лејди Гага синоќа се појави на две доделувања во Лондон. Пејачката и актерка (35) беше номинирана за наградата БАФТА во категоријата најдобра актерка за улогата во Куќата на Гучи, а мораше и да присуствува на Critics Choice Awards.
На наградата БАФТА најпрвин дошла во елегантен кадифен фустан, а потоа си заминала бидејќи набрзо морала да биде од другата страна на Лондон. Таа за следната манифестација избра екстравагантен златен фустан со впечатливо деколте. Косата и беше подигната во уредна пунџа, а шминката одговараше на фустанот и доминираше златна нијанса.