Внимавајте: Се шири нов начин на крадење гориво

|

Горивото како кај нас така и во целиот свет поскапи, поради што се повеќе крадци се обидуваат истото да го добијат од туѓи автомобило.

Полицијата во САД потврди дека крадците имаат нов метод на крадење гориво од автомобилите, а тоа што го прават е ставање на сад под резервоарот, дупчење на неколку дупки токму во овој дел, со цел горивото да истече и да можат да го земат, нишува списанието НАК.

Ова е многу побрз и поедноставен начин, затоа што не мора да се грижат за отворање на капакот од резервоарот, а штетата е многу поголема за сопственикот на возилото, кој сега освен тоа што останува без гориво мора и да купи нов резервоар.

Да се надеваме дека овој начин нема да почне да се практикува и кај нас, затоа што оние кои немаат гаражи, тешко можат да ги заштитат своите возила.