Викендов е извршена кражба во градинката Димче Мирчев во Велес и го испразниле главниот магацинот за храна кој служи за кујната која подготвува оброци за 1260 деца во 8 градинки.
Крадците подготвени и како од филмовите влегле кршејќи прозорец од задната страна на објектот од кај котларата за греење и точно знаеле како да го онеспособат видео надзорот и алармот. При кражбата и празнењето на магацинот користено е и поголемо превозно средство заради обемот и габаритот на украдените прехранбени намирници.
И директорката на градинката Велиновска го потврди случајот објаснувајќи дека се работи за првично проценета штета од 50 илјади денари при што биле украдени 10 пакети масло за јадење, околу 100 килограми брашно и одредена количина на сол и шеќер односно сите залихи на прехранбените продукти. Иако е материјалната штета голема сепак денеска па и во следниот период децата нема да останат без својот оброк за што се направени итни набавки.
Полицијата работи на расчистување на случајот каде крадци го испразниле магацинот со храна на градинка која се наоѓа на само десетина метри од градскиот пазар.