СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Повторно снег! Проверете кога

|

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и потопло преку ден со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 14 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Според Попоски утре и во четврток ќе се задржи релативно топло време, но ќе има нешто повеќе облачност и во текот на утрешната вечер, како и во четврток ќе има појава на повремен локален дожд и снег на планините.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.

– Веќе во петок, како и за време на викендот и тоа под влијание на ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕН воздух од север и од североисток, времето ќе биде значително постудено и ќе има услови за локални слаби врнежи претежно од снег. Ќе биде и ветровито, односно ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од источен и од североисточен правец.

Што се однесува до температурите, тие повторно ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД просекот за овој период од годината, и минималните за време на викендот понекаде ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 10 степени во најтоплите предели од државава – заклучува Попоски.