Граѓаните велат дека поскапел превозот, а превозниците велат дека работат со загуба.
Преставниците на такси-компаниите во Скопје велат дека цената е иста, но од надлежните бараат да преземат мерки кон нелојалната конкуренција за услугите да не поскапат.
Има решение цената да остане иста за граѓаните од институциите да бидат задоволни и да не ги чини ниту денар. Тоа значи дека инспекторите ќе излезат и ќе расчистат со нелојалната конкуренција. Тоа се таксисти кои немаат лиценци, такси без фискални таксиметри и таксисти кои не се пријавени во Агенцијата за вработување, или пензионери. Тоа значи дека пензионерите работат како таксисти.
Од Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје велат дека цените на билетите нема да се менуваат.
„Цената на билетите ќе остане иста, сметаме дека со оваа мерка НКП Скопје ќе им помогне на граѓаните за време на економската криза во која се наоѓаме“, изјавија од НКП.
Пред околу еден месец цените на билетите за меѓуградско патување поскапеа за околу 25%.