Дечкото на Ким Кардашијан ќе патува во вселената со ракетата на Безос

ИЗВОРНов Лист
|

Безос досега патувал три пати со ракета Њу Шепард, а гостите на летот му биле главно познати личности. Ова искуство е достапно за сите други кои можат да си го дозволат.

Момчето на Ким Кардашијан (41), американскиот комичар Пит Дејвидсон (28) следната среда ќе отпатува во вселената во друштво на Џеф Безос (58), претприемачи и филантропи.

Блу Ориџин е првата компанија која почна да нуди редовни летови во индустријата за вселенски туризам, а на овој лет Пит ќе патува бесплатно, како гостин, додека останатите пет патници требаше да го платат својот лет.

Лансирањето во вселената е закажано за 23 март во Западен Тексас, а патниците ќе патуваат со ракетата Њу Шепард.

Летот ќе трае само околу 10 минути, а патниците ќе можат да искусат микрогравитација. Кога летот ќе го достигне својот врв, тие ќе доживеат неколку минути бестежинска состојба.