|
Маја Ѓорѓевиќ, учесничка во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ привлече големо внимание и кај публиката и кај жирито, а своите настапи вредно ги подготвува со својот ментор Ѓорѓе Давид.
Маја сега откри дека нејзиниот ментор е многу посветен на кандидатите, а водителот Војо Недељковиќ во емисијата „Ѕвезде Гранда Специјал“ ја праша дали е вистина дека Ѓорѓе Давид им се јавува дури во 2 часот по полноќ да им каже некоја идеја, а Маја потврди.
– Ако треба, да. Апсолутно е посветен на сите нас, како и на часовите за менторство – изјави натпреварувачот во споменатата емисија.