Нови цени на горивата од полноќ

|

Горивата од полноќ со нови цени. Но дали по вторпат годинава, ќе поевтинат, РКЕ се уште анализира. Одлуката треба да ја донесе до крајот на денов.

Исполнети се предусловите , Регулаторна ќе донесе нови цени на нафтените деривати. По одржувањето на седницата ќе биде објавена и одлуката кој ќе биде на сила од полноќ, велат од РКЕ.

По сериозните скокови, деновиве цените на нафтата на свеските берзи бележи пад. Познавачите очекуваат таквата состојба да се преслика и кај цените на горивата во земјава.

Сметаат дека дневната корекција на цените на бензините и дизелот треба да остане се додека  траат големите осцилации на берзите за да се заштитат потрошувачите.

Инаку пред три дена цената на горивата за првпат годинава се намалија поради антикризните мерки, откако од јануари во просек се зголеми за 20 денари по литар.

Денеска пак цената на нафтата на светските берзи  падна нешто под 100 долари за барел. Постепено стабилизрање има и кај доларот. Овие два параметри се меѓу клучните при формирањето на цените на горивата.

По разгорувањето на кризата на истокот не само нафтата туку и останатите енергенси дожиеваа сериозно поскапување поради што РКЕ донесе одлука да го промени правилникот со кој наместо секој понеделник измените се прават на дневна основа.