Без вода и струја утре повеќе делови од Скопје

|

Прекин во водоснабдување утре од 9 часот ќе имаат корисниците од улиците „Рокомија” и „Иван Манолев” во населбата Бутел.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекинот е поради промена на три шибери на ул. „Рокомија” раскрсница со ул.„Иван Манолев” во населба Бутел.

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.

Исто така, поради веќе закажани технички зафати во мрежата на ЕВН Македонија на ден 16.03.2022 година (среда), без електрична енергија ќе останат:

-од 07.45 – 150.30 часот коорисниците од улиците 512, 515, 516 и 521, фабриката Комуна како и фирмите Кентаур Импекс, Руле Турс и Виталија – сите во Керамидница (о. Гази Баба) ;

-08.00 – 13.00 часот дел од бул. Митрополит Теодосие Гологанов меѓу крстосниците од ул. Рузвелтова и Христо Смирненски од страната на фабриката Треска (о. Центар);

-од 09.00 – 11.00 часот дел од ул. Славејко Арсов – броеви 28, 30, 32, 34, 36 и 38 (о. Центар);

-09.00 – 14.00 часот дел од с. Шишево (о. Сарај) и

-од 10.00 – 12.00 часот дел од ул. Самоилова – Музеј на Современа уметност (о. Центар).

FacebookTwitterCopy Link