Владата го разреши Ване Цветанов по информациите за ангажирањето на сопствената сопруга, дознава 24 Инфо.
Според извори на редакцијата во Владата, на денешната владина седница, Ване Цветанов бил разрешен од раководната позиција во Советот за унапредување и надзор на ревизијата.
Разрешувањето доаѓа брзо по информациите во јавноста дека Цветанов, како Претседател на оваа државната институција, ја ангажирал својата сопруга, манекенката Дунавка Трифуновска да му помага во работењето.
Тој пред неколку дена самиот ја објави информацијата со објаснување дека не гледа проблем во истата затоа што со Дунавка немаат граѓански туку само црковен брак, како и дека таа не земала пари за работата. Сепак како што истакна Цветанов, таа го придружувала на службените патувања.
Очекуваме и официјална потврда од Владата, по завршување на седницата.