Населбата Стар Аеродром наскоро ќе добие зонско паркирање на барање на граѓаните, кои со години се соочуваат со недостиг на слободни паркинг места, како и узурпација на зелени површини, пешачки патеки и тротоари од возилата.
Општина Аеродром изминатиот период спроведе анкета меѓу тамошните жители, при што над 90% од анкетираните кои можеа да се изјаснат „За“ или „Против“ се изјаснија позитивно и дадоа зелено светло за оваа иницијатива.
Анкетата опфати 18 згради кои се наоѓаат на булеварот „Јане Сандански“ и улиците „23 Октомври“, „Ангел Димовски“ и „Коста Новаковиќ“.
Анкета од ваков тип во претстојниот период ќе се спроведе и во Автокоманда со цел изнаоѓање на заедничко прифатливо решение кое ќе воведе ред за сообраќајот во мирување.
Општина Гази Баба во соработка со ЈП „Градски паркинг“ ќе ги преземат сите соодветни чекори за регулирање на паркирањето во овој дел, а со што ќе се зголеми безбедноста на возачите и пешаците, порачаа надлежните.