Вучиќ: Има доволно храна, Србија ќе извезува прво во земјите од Отворен Балкан

|

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека државата има доволно основни земјоделски и прехранбени производи за потребите на населението, а извозот прво ќе биде за земјите од Отворен Балкан.

ЌЕ РАЗГОВАРАМЕ СО СИТЕ. ЌЕ ДАДЕМЕ ОНОЛКУ КОЛКУ ШТО Е ДОГОВОРЕНО И КОЛКУ ШТО СМЕТАМЕ ДЕКА МОЖЕМЕ ДА ДАДЕМЕ, БЕЗ ДА ГИ ЗАГРОЗИМЕ ПОТРЕБИТЕ НА ДОМАШНОТО НАСЕЛЕНИЕ. ПРВО ЗЕМЈИТЕ ВО РАМКИТЕ НА ИНИЦИЈАТИВАТА ОТВОРЕН БАЛКАН, А ПОТОА БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА И ЦРНА ГОРА, КАКО ПРВИ СОСЕДИ, ИЗЈАВИ ВУЧИЌ НА НОВИНАРИТЕ.

Тој кажа дека ситуацијата околу трговијата со храна во светот станува се покомплицирана, нагласувајќи дека веќе е очигледно дека ќе има голем недостиг на храна, без разлика на растот на цените на берзите.

ТОА НЕ СЕ КОМПЛИКАЦИИ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА И ЗА НАШИТЕ ПОТРЕБИ. НАШИТЕ ГРАЃАНИ ЌЕ ИМААТ ДОВОЛНО. ИМАМЕ ЗНАЧИТЕЛНО ПОВЕЌЕ ОД НАШИТЕ ПОТРЕБИ И МОРА ТОА ВО РЕГИОНОТ ДА ГО РАСПРЕДЕЛИМЕ, ИЗЈАВИ ВУЧИЌ.

Претседателот на Србија додаде дека од Србија се бараат големи количества брашно и масло, и дека ги разбира сите кои сакаат домаќински да се однесуваат кон своето население и да обезбедат доволно залихи на храна.