Почнува чистењето на линданот од малата депонија во „Охис“

|

Завршуваат подготвителните активности за отпочнување на процесот на чистење на малата депонија со линдан во „Охис“. 700 тони токсичен отпад и 900 тони контаминирана почва ќе се чистат од идната недела. За оваа акција се одвоени девет милиони евра, дел обебедени од ЕУ.

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини наведе дека било потребно повеќе време од планираното за поставување на шаторот и претходни дополнителни активности за да се започне со ископот, но оти сите дополнителни работи и одложувања биле со цел да се избегне какво било разнесување на опасниот материјал кој ќе се ископува од малата депонија, да се заштити околината и населението кое гравитира во поширокиот реон на околината.

Шефот на Делегацијата на ЕУ во земјата, Дејвид Гир, изрази задоволство што имале можност да дадат свој придонес во износ од 2,5 милиони евра.

Значи, ова е само еден пример од многуте проекти коишто ги поддржува ЕУ и коишто се поврзани со заштита на животната средина од деградација. Овде се справуваме со опасен отпад којшто предизвикува загадување на почвата. Исто така, обезбедуваме поддршка и во останатите делови од земјата пред се во однос на системите за управување со цврст отпад, пречистителни станици за отпадни води и за справување на проблемите со загадувањето на воздухот. И секако ги поддржуваме сите напори за изнаоѓање на нови начини за користење на обновлива енергија, изјави Гир.
Имено, откако претходно снимателите и фоторепортерите се пожалија на одлуката да ги паркираат возилата на поголема оддалеченост од местото на настанот, а нивната опрема е прилично тешка, Ковачевски прискокна на помош – зеде статив на еден од камерманите, ја стави на рамо и ја однесе до капијата каде што беа паркирани возилата на новинарските екипи извинувајќи се на ваков начин за направениот превид.