|
Иако се достапни многу индустриски средства за чистење и одржување на домот, постојат и многу природни варијанти кои може и сами да ги направите, за буквално помалку од една минута.
Кората од портокал може да биде корисна за чистење на станот.
На социјалната мрежа Инстаграм кружи снимка која сигурно ќе ви биде од корист, а се работи за средство за чистење, чија главна состојка е кората од портокал.
Всушност, потребно е кората од портокал, мандарина или друг цитрус, да ја ставите во празна прскалка, додадете вода, оцет и по желба рузмарин.
Со комбинација на овие состојки ќе добиете повеќенаменски спреј кој може да го користите кога сакате.