Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со појава на повремен локален дожд и тоа особено во југоисточните предели. На планините ќе провејува снег, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 13 степени.
Според Попоски, поради спуштање на ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНА воздушна маса од север, од утре па во следните денови времето ќе биде променливо облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО со услови за локално поровејување на снег. Ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од североисточен правец.
Што се однесува до температурите, тие повторно ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за овој период од годината и минималните понекаде ќе се спуштаат дури до околу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени.