Ново намалување на цената на горивата

|

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,31% во однос на претходната одлука од 16.03.2022.

Цената на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2 денари по литар додека пак цените на ЕУРОДИЗЕЛ и на Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 3 денари по литар.

Од утре 18.03.2022 цените на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 79,50 денари/литар, Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 81,50 денари/литар, Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС 76,00 денари/литар, Масло за горење Екстра лесно 1 72,50 денари/литар, Мазут НС 54,521 денари/килограм.