Овие 6 работи редовно ги ставате во машина за садови, а не треба- така се шират бактерии

|

Машината за садови е веројатно најомилениот дел од бела техника за домаќинките.

Но, за овие садови сепак е подобро да се користи стариот добар сунѓер.

1. Дрвен прибор за јадење – се што е од дрво на висока температура во машина може да ја промени својата структура, па дури и да пукне. Затоа подобро бирајте да ги измиете на старомоден начин.

2. Кристални чаши – чувствителниот кристал лесно може да „настрада“ во машина, но и стаклото со време може да го изгуби сјајот. Затоа мијте ги рачно и користете нежен детергент.

3. Бакарни садови – високите температури и агресивниот детергент може да предизвикаат рѓосување на бакарниот сад.

4. Ренде – рендето е мачно да се измие, па често го ставаме во машина, но кај него остатоците од храна се кријат до делови во кои машината не може да допре, па сепак е подобро рачно да се измие.

5. Скапи квалитетни нож еви – со редовно миење на ножевите во машина, може брзо да отупат. Посебно кога станува збор за керамички но*еви, им се продолжува траењето ако се мијат рачно.

6. Садови за храна на миленичиња – мачките, особено кучињата, нушкаат надвор, а често јадат нешто што не би помислиле. На нивните усти се собираат бактерии, кои подоцна се пренесуваат на нивните садови, па лесно може температурата во машината да не ги уништи и да се пренесат на садовите од кои ние јадеме. Затоа одбирајте да ги миете рачно.