Откако ослабе 90 килограми, пејачката ги откри сите коментари кои ги слушнала и прочитала за себе.
Крстиња Тодоровиќ пред две години го започна својот јавен живот на сцената на Звездите на Гранд и во тој период драстично го промени својот физички изглед. Таа на сцената на Гранд за прв пат зачекори со 160 килограми, а досега ослабе дури 90.
Прво била оперирана за намалување на стомакот, а потоа и операција за отстранување на вишокот кожа која ја финансирал Саша Поповиќ, а за која дал 6.000 евра.
„Морав да се оперирам бидејќи инаку не можев да се ослободам од вишокот килограми. Мајка ми замина од овој свет кога имав 9 години, па утеха најдов во храната“, изјави Крстиња и додаде дека семејството видело дека се чувствувала подобро додека јадела.
„Кога сфатија дека претерувам, веќе беше доцна“.
Пејачката откри дека почнала да се срами поради вишокот килограми.
На улица во Подгорица ми велеа дека сум прасица… Им возвраќав со насмевка, но кога дојдов дома плачев. Станав психички нестабилна, бидејќи прочитав се за себе на Интернет: „за тоа како изгледаш, „нели ти е срам да изгледаш така“… Ме болеше што повеќе го коментираа мојот изглед отколку за пеење, но и тоа ме натера да сменам нешто“.