Хрватскиот пејач на својот Инстаграм профил објави видео од подготовките за претстојниот концерт во Арена Загреб.
Грашо ги изненади фановите бидејќи во најавите покажа дека на пробата му се придружила и сопругата Хана.
Таа на пробата пристигна во сива маица и хеланки и со останатите пееше и танцуваше.
„Одбројувањето и загревањето започна! Кој доаѓа во Арена Загреб“, напиша Грашо во описот на видеото.
Да потсетиме, неодамна проговори поранешната партнерка на пејачот, пејачката Данијела Мартиновиќ со која помина речиси 25 години.
„Многу е тешко да се направи разлика помеѓу она што е загуба и она што е добивка, бидејќи она што ни се чини дека е загуба со текот на времето станува добивка, а она што го добиваме со текот на времето може да се доживее како загуба. Тоа е магијата на времето.“ изјави Данијела.